НЕВИДЕН УЖАС ВО НОВИ ПАЗАР: Чичко им дал на деца од три и шест години ЕКСТАЗИ! Децата итно префрлени во болница!

Припадници на Министерството за внатрешни работи на полицијата во Нови Пазар, одделение за криминалистичка полиција, денес го уапсиле лицето Перица. Д. (32) од овој град под сомнение дека на момче и девојче од 3 и 6 години им дал опојна дрога „екстази“, објави денес Блиц.рс.

Според информациите момчето и девојчето се деца на братот на Перица, а сево ова се случило во семејната куќа во населбата Ќерамидница во Нови Пазар.

„Тој им дал по една таблета екстази, по што тие почнале чудно да се однесуваат. Бидејќи сето тоа однесување потраело, нивната мајка ги однела на доктор каде при прегледот биле утврдени наркотици во организмот. По приемот применета е терапија на детоксикација и испирање на желудникот, а децата се задржани во болница“, вели извор на Блиц од истрагата.

На осомничениот Перица. Д. му е одредена мерка задржување до 48 часа по што со кривична пријава ќе биде приведен од повисокото јавно обвинителство во Нови Пазар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот