НЕВЕРОЈАТНО: Личам на Златан? Јас не го ни знам човекот! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/AP

Кошаркарите на Баерн се наоѓаат на подготовки во САД, а еден од нив предизвика едно неверојатно вниманение на навивачите на ЛА Галакси.

Станува збор за Нихад Џедовиќ кој многу личи на славниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ кој настапува токму во редовите на ЛА Галакси.

Целата ситуација ја искористи маркетинг службата на Баерн да се пошегуваат со навивачите на американскиот клуб.

Додека се подготвуваше за „скриена камера“ Џедовиќ на водителката и одговори дека нема поим кој е Златан.

Сеуште не го напушти хотелот, а веднаш фанови го бркаа да се сликаат со него. Врв на сè беше и возачот на Џедовиќ кој призна дека неговиот син е голем фан на Златан Ибрахимовиќ. На крајот се дозна дека „Ибра“ знаел да игра и кошарка…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот