Неверојатно: Хрватски коментатор заспа за време на тениски меч! (ВИДЕО)

фото: tokyocheapo.com

Не можеше да издржи до крај новинарот од не толку атрактивниот дуел кој што играа репрезентативците на Велика Британија и Австралија.

Љубителите на тенисот кои беа пред малите екрани за време на тенискиот натпревар во рамките од АТП купот помеѓу Де Минаур и Еванс можеа да слушнат еден чуден, но многу познат звук.

Малку само требаше да се засили тонот и да се сфати дека тој фактички заспа во текот на директниот пренос во не толку атрактивен меч кој му беше даден како обврска да го коментира за јавноста.

Одлучи да си даде пауза, очигледно малку подолга, погледнете како сето тоа изгледаше на видео записот.

Во рамките од АТП купот чие премиерно издание им припадна на најдобрите српски тенисери, Британецот Даниел Еванс со резултат 2:1 беше подобар од Австралиецот Алекс Де Минаур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот