twitter/B/R Football

НЕВЕРОЈАТНО: Халанд за 59 минути даде повеќе голови од Манчестер јунајтед во 2020 година

Младиот Норвежанец продолжува да воодушевува со своите игри.

Ерлинг Халанд на почеток од годинава најправи сензационален трансфер од Салзбург во Борусија Дортмунд иако сите речиси сите мислеа дека ќе оди во Манчестер јунајтед.

Норвежанецот во само два наптревари покажа дека ќе биде неверојатно засилување за „милионерите“, а воедно му покажа и на Јунајтед дека многу погреши што не се согласи на условите кои ги поставија агентот Мино Рајола и таткото на младиот фудбалер.

Халанд минатата недела дебитираше во дресот на Борусија Дортмунд во натпреварот против Аугсбург, во игра влезе кон средина на вториот дел и веднаш импресионира постигнувајќи хет-трик.

Вчера Халанд повторно влезе во игра во второто полувреме и во победата на неговиот тим од 5:1 над Келн учествуваше со два гола.

Халанд за 59. минути во два натпревари постигна пет гола за Борусија, а неверојанто делува податокот дека 19-годишниот Норвежанец во 2020 година има постигнато повеќе голови од сите фудбалери на Манчестер јунајтед.

Јунајтед во 2020 година одигра четири натпревари и постигна само четири голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот