Неверојатниот живот на злобната заводничка од теленовелата „Руби“: Го победила ракот на дојка, а на 39 години станала баба! (ФОТО)

принтскрин/јутјуб

Заносната бринета со продорни зелени очи го напушти светот на сапунските опери за да и се посвети на филмската кариера…

Сите ја памтите Барбара Мори, уругвајско-мексиканска актерка која освои многумина со улогата на негативката „Руби“ во истоимената теленовела.

Барбара својата кариера ја започнала уште во 1992. година, кога имала само 14 години, а со улогата во споменатата серија, ја „запали“ публиката на теленовелите.

Руби никогаш немаше јасен крај затоа што продуцентите оставија отворен крај со желба да снимат втора сезона, но Барбара Мори категорично го одбила тоа.

„Оваа серија ми донесе популарност што не можев да ја замислам и сето она за што повеќето го сметаат за среќа. Јас бев популарна, успешна и добро платена. Сепак, не сакав да бидам врзана за само еден проект. Сакав да пробам нешто ново“, изјави таа во неодамнешниот монолог на YouTube.
Интересно е што нејзината следна филмска кариера и овозможи да соработува во Холивуд, но и во Боливуд, па така таа стана една од првите јужноамрикански актерки кои се пробале во оваа филмска индустрија.

Борбата против рак

За жал, нејзината успешна кариера била забавена од злобна болест. Кога Барбара била на врвот на својата слава, во 2007. година и бил дијагностициран карцином на дојка.

Таа храбро зборуваше во медиумите за нејзините стравови со кои се соочила во овој тежок период. За среќа, таа успеала да се избори за оздравување.

View this post on Instagram

I fucking love u so much!

A post shared by Barbara Mori (@delamori) on

Станала баба на 39-годишна возраст

Уште на 19 години таа го доби синот, Серхио Мајер. Интересно е дека историјата се повторила, и нејзиниот син исто така станал татко на таа возраст, и ја добил ќерката, Мила. Така Барбара станала баба на само 39. години. Фотографиите на социјалните мрежи се доказ дека тој ужива во таа улога.
Актерката признала дека во тешките моменти црпела сила од семејството, со кое има многу блиска врска.

Барбара зад себе има едногодишен неуспешен брак со американскиот безбол играч Кенет Реј Сигман, а во моментов ужива во врската со мексиканскиот режисер Фернандо Ровзар.
За воодушевување на бројната публика, заносната Барбара наскоро се враќа на малите екрани како хероина во новата драмска серија „La negociadora“ (Преговарачка).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот