Неверојатна одлука: Ајкулата што го уби рускиот турист во Египет, ќе ја направат мумија за музеј

Тигреста ајкула / Фото: ЕПА

Египет почна да работи на мумифицирање на тигрестата ајкула, која пред една недела го проголта рускиот турист Владимир Попов покрај плажата во Хургада, за да може да биде изложена во музеј, пишува „Дејли мејл“.

Животното го уловиле рибари, а на научниците им беше испорачан веќе мртвиот предатор.

Експерти од Институтот за морски науки и резерви на Црвеното Море во понеделникот го започнаа процесот на балсамирање во Хургада како подготовка за негово поставување во музејот на институтот, пренесува арапскиот канал „Ал Арабија“.

Медиумски извори наведуваат дека експертите успеале да ги извлечат главата, градите и рацете на починатиот Русин од стомакот на ајкулата, додека рибарите ја извлекле другата половина од телото од морето и со чамец го одвлекле на копно, како и ајкулата, која во знак на одмазда била претепана до смрт.

Изворите велат дека ајкулата за малку ќе го изела целото тело на жртвата, но откако забележала дека се приближува рибарски брод, избегала фрлајќи ја долната половина во водата.

Д-р Махмуд Дар, професор на египетскиот национален институт за морски науки, открил дека ајкулата е женка, според Ал Арабија.

Владимир Попов неколку месеци пред ужасниот напад живеел со својот татко во Египет. Неговиот татко Јуриј Попов зборувал за ужасот за „Дејли мејл“ кога гледал како ајкула го убива неговиот син додека тој викал помош.

„Отидовме на плажа да се опуштиме. Мојот син го нападна ајкула, а сè се случи за неколку секунди“, рече Попов и додаде дека ќе го кремира синот и ќе ја врати пепелта во родната Русија.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Ајкула нападна и уби Русин пред очите на туристите во Хургада

Не се откажуваат аранжманите за Египет од нашите туристи откако ајкула усмрти Русин на плажа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот