Не се откажуваат аранжманите за Египет од нашите туристи откако ајкула усмрти Русин на плажа

Не се резервираат нови аранжмани од понудата која ја имаме, но не се откажуваат ниту веќе резервираните, велат во дел од туристичките агенции во земјава откако ајкула нападна и усмрти руски турист во Египет.
-Египет го работиме со години на назад и ова е инциднт кој се случи за жал со смртни последици. Имаме чартери за Хургада, и работиме неколку хотели. Дел од оние кои имаат уплатени аранжмани се јавија дека е можно да го откажат патувањето, но за сега никој не дошол во агенцијата- велат во една агенција во центарот на Скопје.
Имено, турист од Русија Владимир Попов (23) загинал во египетското одморалиште Хургада. Инцидентот се случил на јавна плажа, а ајкулата која го распарчила била фатена и убиена набргу потоа. Ден по нападот на тигарската ајкула, плажите во Хургада беа затворени за капачи, а откажани се и сите нуркачки тури. Според информациите во тој дел каде што пливал рускиот турист не било дозволено пливање.