ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Ајкула нападна и уби Русин пред очите на туристите во Хургада

Фото: Илустрација

23 годишниот Владимир Попов од Русија загина по напад од ајкула во египетско летувалиште Хургада.

Неговата девојка која била со него успеала да побегне.

На социјалинте мрежи се појави видео од нападот кое е вознемирувачко.

Ајкулата го распарчува човекот пред туристите, кои се шокирани од тоа што го гледаат.

Во прашање е тиграста ајкула која ловела риби на една од плажите во Хургада.

Нападот го потврдија египетските власти, а генералниот конзул на Руската Федерација во Хургада, Виктор Воропаев, го потврди идентитетот на жртвата.

Конзулот нагласи дека Попов не е турист, како што претходно објавија медиумите, туку дека живее во Египет.

Ајкулата која го уби рускиот државјанин веќе е уловена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот