Костадиновска-Стојчевска: Платите во културата се повисоки за повеќе од 100 отсто и ќе продолжат да растат

Бисера Костадиновска Стојчевска / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Платите во културата повисоки за повеќе од 100 проценти, и ќе продолжат континуирано да растат, вели министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа на нејзиниот Фејсбук-профил напиша дека за пет години се исполни ветувањето за подобар и посигурен живот на вработените во културата.

Нето платата на хорист во 2016 година изнесувала 21.236 денари, додека сега е дури 57.348 денари, додека пак светло мајстор во 2016 година добивал нето плата од 20.872 денари, денес добива плата од 56.346 денари.

„Вложувањето во човечкиот капитал во културата ни останува врвен приоритет во намерата да создадеме професионален и посветен кадар. Во следниот мандат секоја година платите на културните работници ќе растат за 10%“ вети министерката Костадиновска-Стојчевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот