(ФОТО) Автобус полн со патници се преврди во реката Мојка во Санкт Петербург, во несреќата има голем број жртви

Расте бројот на загинати во несреќата во која автобус излетал од мост во реката Мојка во Санкт Петербург, вториот по големина град во Русија.

Официјални лица објавија дека до сега загинале седум лица.

Бројот на загинати што го објави Истражниот комитет, највисокото тело за криминални истраги на Русија, не соопшти колку други се повредени, но Министерството за вонредни состојби претходно соопшти дека шест лица извадени од автобусот се во критична или тешка состојба.

Откако ги извлекоа патниците од возилото, екипите за итна реакција успеаја да го извлечат и потопениот автобус од водата.

Властите во Санкт Петербург соопштија дека сопственикот на автобусот бил казнет 23 пати поради различни прекршоци и сега тој е приведен во полиција.

Против компанијата властите отворија кривична истрага за наводни сообраќајни прекршоци и небезбедни патни услуги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот