Вучевиќ: Има индиции дека Грција и Романија ја менуваат својата позиција, резолуцијата ќе има последици за Западен Балкан

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, денес изјави дека притисоците од Западот да ја поддржат Резолуцијата за геноцидот во Сребреница се огромни и дека, како што наведе, „постојат индиции дека Грција, а можеби и Романија, ќе го сменат својот став“, јави дописникот на МИА од Белград.

-Тешко им е на Србите да разберат дека Грците гласаат за ова, исто како што ни беше мачно да гледаме како Гркинка предлага влез на Косово во Советот на Европа, рече Вучевиќ, на телевизија Прва, во врска со апелот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Грција да се воздржи од гласање за резолуцијата во Генералното собрание на Обединетите нации.

Тој оцени дека усвојувањето на резолуцијата ќе има последици и за Србија и за регионот на Западен Балкан, дека следен чекор е укинување на Република Српска и ревизија на Дејтонскиот спор, како и дека некој си поигрува со пожар на Западен Балкан.

Вучевиќ кажа дека „инженерите“ на резолуцијата намерно избрале за неа да гласаат од земји или народи блиски до Србите за дополнително да не понижат.

-Резолуцијата го означува српскиот народ како геноциден, иако ние сме народ кој страда, рече тој.

Според него, амандманите на Црна Гора на резолуцијата „во суштина не менуваат ништо во неа, туку фрлаат прашина во очи“.

-Не можеме да го запреме гласањето на таа резолуција, бидејќи таква е геополитиката, но за нас ќе биде голем успех ако мнозинството земји бидат против и се воздржат. Тоа ќе биде јасна порака до светот дека суштински потфрлија, иако формално ќе ја изгласаат, изјави премиерот Вучевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот