Мицотакис: Можев и јас да го раскинам Договорот од Преспа, но тоа не е возможно

photo: Alexandros Michailidis

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис утрово за грчката телевизија во обемно интервју главно се осврна на европските избори на 9 јуни, но и на проблемот со Договорот од Преспа кој се отвори откако македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова на инаугирацијата не го изговори уставното име туку само „Македонија“ што предизвика остри реакции во Грција, САД и ЕУ и се толкуваше како прекршување на одредбите од Договорот од Преспа.

-Договорот од Преспа мора да се почитува. Името на државата е Северна Македонија, а оние што сè уште ја нарекуваат Република Македонија ќе не најдат наспроти. Нашите пријатели во Северна Македонија мора да разберат дека предизборниот период е завршен и мора да бидат сериозни. Верувам дека ќе се изврши голем притисок, веќе имаше реакција од претседателот на Комисијата по грчката интервенција. Грција не е изолирана, Скопје е. Верувам дека ќе се прилагодат бидејќи сакаме добри односи, изјави Мицотакис.

Тој ги истакна и последиците по државава од непочитувањето на Договорот од Преспа.

-Прашањата за името на Скопје не се менуваат. Она што треба да направиме е да им го објасниме меѓународниот притисок дека оваа нивна политика ќе ги доведе до меѓународна изолација, а тие тоа не го сакаат, рече Мицотакис.

Грчкиот премиер се осврна и на иницијативата на опозициската СИРИЗА грчкиот парламент да ги ратификува Меморандумите од Договорот од Преспа и повтори дека тоа нема да се случи во наредниот период.

-Не сме наивни и знаеме да управуваме со ситни партиски игри. Зошто СИРИЗА не го поднесе предлог законот во последните 5 години? Видовме дека ВМРО доаѓа на власт со екстремна реторика, разговаравме внатрешно и кажавме дека не сакаме да продолжиме со ратификација на меморандумите. Јас можев да го раскинам договорот со закон и член, но тоа не е возможно и јасно им кажав на граѓаните, бев искрен со нив, нагласи грчкиот премиер.

 

Мицотакис: „Ова не го кажувам со радост“ но ако не го почитуваат договорот нема ЕУ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот