Јазбец: Почнав да се занимавам со книги апсорбирајќи од мојот дедо, во декември минатата година дојдов до бројката од 80 објавени книги

Фото: Слободен печат

„Во декември минатата година дојдов до бројката од 80 објавени книги. Тоа значи автор, коавтор, уредник, коуредник, преводи и репринти, но тоа значи дека има 80 книги каде што на кориците стои моето име. Тоа е факт, тоа е, всушност, постигнување. Јас почнав да се занимавам со книги апсорбирајќи од мојот дедо“ рече амбасадорот Милан Јазбец, поранешен словенечки амбасадор и во нашава земја во интервју на „Слободен печат“.

Тој додаде дека на средината на неговиот турски мандат, 2012 – 2013, сфатил дека пишува книги многу лесно и дека оди многу брзо.

„Тогаш почнав плански со тоа да се занимавам: кои книги можам да ги напишам за дипломатијата, литературата итн., кои преводи и потоа кога дојдов во септември 2016 година во тогашна Република Македонија дојдов со 37 книги на шест или седум јазици“.

Тој посочи дека по четири години отишол во Љубљана со 65 објавени книги на 17 јазици.

„Тоа говори какво е општеството тука, какви се инспирациите, каква е мотивацијата тука. Ако човек го сфати тоа, особено странец, дипломат кој е во некакво формално окружение и ако го прифати тоа и почне понатаму да работи“, заклучи Јазбец.

Целото интервју со Јазбец можете да го погледнете на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот