ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Стефан Андоновски, ВМРО-ДПМНЕ: Сите административци ќе мораат да го говорат македонскиот јазик

Стефан Андоновски / Фото: "Слободен Печат" / Методиј Здравев

Воведувањето на тестови при вработувањето на кандидатите во јавната администрација може да биде добар механизам за достигнување на поголема професионалност во работењето, но и ставање на крај на негативниот тренд на партиски вработувања, смета дополнителниот министер за Информатичко општество и администрација во актуелната техничка влада, Стефан Андоновски.

– Потребен е мерит систем при вработувањето тоа сигурно, по мене е многу важно сите административци да го зборуваат македонскиот јазик. Тоа е задолжителен услов во условите за вработување, но многу малку се тестира, многу малку се проверува и вториот елемент е овој тест што вие го спомнувате, дел го врши Агенцијата за администрација, но ова би било нешто како предтест или да речеме тест за селекција, изјави Андновски во утринската програма на Слободен печат.

Тој беше категоричен дека новата влада на неговата ВМРО-ДПМНЕ во најкраток рок ќе го укине етничкиот балансер за вработување, иако тој беше донесен кога на власт беше владата формирана од истата партија.

За набрзина донесените законски решенија во предизборниот период, кои се однесуваат на администрацијата, Андоновски посочи дека ќе следува дополнитена ревизија и дебата, па веројатно ќе следуваат измени и дополнувања.

За периодот од седум години, во кој ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција, тој вели дека преовладала непристојноста и недоветноста на претставниците на ДУИ, за кои потсети дека си дозволуваа да играат фудбал, носат музика и да пушат скапи цигари во просториите на државните институции.

Погледнете го целото интервју со нашиот гостин на линкот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот