Неверојатен пресврт на Шведска во скандинавското дерби за пласман во полуфинале

Шведска ќе игра во полуфиналето на ЕП/ фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Ракометната репрезентација на Шведска се пласира во полуфиналето на ЕП откако во фантастичен натпревар со неверојатен пресврт ја совлада Норвешка со 24:23 во последното коло од групата 2 во главната рунда.

Швеѓаните на пет минути до крајот имаа негатива од четири гола (19:23), за потоа да постигнат пет гола по ред, од кои последниот беше на 11 секунди до крајот за прва победа над Норвешка по пет порази едноподруго во меѓусебните дуели.

Голот за победа беше дело на Кринц, а голем удел во победата имаше голманот Јоханесен кој сите девет одбрани ги оствари во второто полувреме.
Шведска на крајот го освои второто место во групата 2, прва е Шпанија, а од полуфиналето извиси Норвешка која и со реми ќе играше за медал.

Првиот гол на натпреварот беше постигнат дури во четвртата минута преку О’Саливен, откако воведните минути им припаднаа на голманите на двете репрезентации.
Од средината на првиот дел Норвежаните го „контролираа“ резултатот и пред одморот имаа и шест гола предност (8:14) за но последниот напад да погоди Хампус Ване за 9:14.

Норвежаните продолжија во идентичен ритам и во второто полувреме, успешно ги одбиваа налетите на Швеѓаните се до застанувањето на Јоханесон на голот имаше девет одбрани. Благодарение на неговите одбрани, посебно во последните пет минути, Швеѓаните успеаја да направат серија од 5:0 и со голот на Кринц да слават со 24:23 и да обезбедат пласман во полуфиналето.

Токму Кринц со шест гола беше најпрецизен кај Шведска, додека Реинкинд со шест гола беше прво име кај Норвешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот