Нетанјаху: Новоформираната владина коалиција ја загрозува безбедноста на Израел

Бенјамин Нетанјаху / Фото: EPA-EFE/MIRIAM ALSTER / POOL

Сите пратеници избрани со гласови од десницата мора да се спротивстават на оваа опасна левичарска влада, напиша Нетанјаху на Твитер Нетанјаху, кој е премиер 12 години.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се изјасни против договорот со неговите политички противници за широка коалициска влада.

– Сите пратеници избрани со гласови од десницата мора да се спротивстават на оваа опасна левичарска влада, напиша Нетанјаху на Твитер Нетанјаху, кој е премиер 12 години.

Тој истакна дека коалицијата Бенет – Лапид ја загрозува безбедноста на Израел.
Половина час пред крајниот рок за формирање влада синоќа на полноќ, Јаир Лапид го извести претседателот на Израел, Рувен Ривлин, дека може да формира влада во која тој и Нафтали Бенет ќе се ротираат на премиерската функција. Врз основа на коалицискиот договор, Бенет ќе биде првиот премиер до септември 2023 година, кога ќе биде заменет со Лапид до крајот на мандатот на владата во ноември 2025 година.

Договор за новата влада беше постигнат откако синоќа беше поддржан од лидерот на малата партија на израелски Арапи, Абас Мансур.

Потоа, коалицискиот договор го потпишаа десничарската партија Нова Нада и Јамина. Партијата на Абас Мансур е првата партија на израелските Арапи што е дел од владејачката коалиција во историјата на Израел.

Новата влада ќе има најмало можно мнозинство и ќе се состои од десничарски, левичарски и десноцентристички партии и една исламска партија.

Владата на Лапид – Бенет е поддржана од осум од 13-те партии што влегоа во парламентот по изборите на 23 март: Јеш Атид (17 пратеници), центристичката Партија сино и бело на министерот за одбрана Бени Ганц (осум), Националистичката партија на Авигдор Либерман, Израел нашиот дом ( седум), Централно-левичарската Лабуристичка партија (седум), Јамина (шест од седум), десничарската Нова Нада (шест), левичарската партија Мерец (шест) и Партијата на обединетата арапска листа, Рам (четири).

Коалицијата смета на поддршката од дел од другата арапска партија, Обединетата листа, во случај некои пратеници да се предомислат и да гласаат против.

Конечниот договор за коалиција допрва треба да биде официјално објавен и се очекува преговорите да продолжат се додека идната влада не положи заклетвата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот