Нетанјаху: Нема да има Палестинска држава и крај
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху инсистира дека нема да има палестинска држава, дури и по цена на нормализацијата со Саудиска Арабија, бидејќи таквата држава би претставувала „егзистенцијална закана за Израел“, објави „Тајмс оф Израел“.
Препорачано
– Нема да има палестинска држава. Многу едноставно: таа нема да биде воспоставена – изјави премиерот во интервју за каналот „Абу Али Експрес“.
На прашање од новинарот дали неговото противење важи и ако ја загрозува нормализацијата со Ријад, кој бара веродостоен пат кон палестинска државност во замена за такви односи, Нетанјаху одговори:
– Одговорот е: палестинска држава нема да биде воспоставена. Тоа е егзистенцијална закана за Израел.
Хорор за бегалците во Газа – уништени се 22.000 шатори, се шират болести
На прашање што ја попречило нормализацијата со Саудиска Арабија, Нетанјаху рече дека војната во Газа го забавила процесот, но дека „условите би можеле да се создадат“ сега кога војната се ближи кон крај.
– Но условите мора да бидат прифатливи за двете страни, услови што се добри за двете страни. Знам како да стојам цврсто зад нашите суштински услови и да не ја загрозам нашата безбедност. А ако овој процес созрее подоцна, одлично. Ако не, ќе ги заштитиме нашите витални интереси – додаде тој.


