Несреќниот Божиќ на Томас Остин: Грешка за која Австралија плаќа една милијарда долари годишно

На Божиќ 1859 година, страсниот ловец, Англичанецот Томас Остин одлучил да се забавува со своите пријатели и ослободил 24 европски зајци на својот имот Барвон Парк во Мелбурн. Седум години подоцна, ловците уловиле дури 14 илјади зајци во Викторија. Работите излегле од контрола и за околу триесет години пргавите животни стигнале во Западна Австралија – се прошириле побрзо од кој било друг „увезен“ вид во светот, пренесува Science.

Првите зајци пристигнале во Австралија во 1788 година, но тие не биле пуштени во дивината – но Томас Остин ја променил судбината на целиот континент. Бидејќи се размножуваат „како зајци“, дивите зајци набрзо станале голема закана за земјоделството. Поради уништувањето на посевите и локалната флора, а со тоа и на фауната, тие брзо се претвориле во „напаст“.

Најразорниот штетник во Австралија

Зајаците ја загрозиле вегетацијата, тревата и посевите, што предизвикало ерозија на почвата. Во текот на 1800-тите и 1900-тите, луѓето се обидувале на различни начини да стават крај на лукавите штетници и почнале да градат ограда која на крајот станала една од најдолгите во светот. Жицата од 3.256 километри од север кон југ не успеала да го спречи ширењето на зајаците. Во некои делови на континентот оградата е поставена предоцна, откако зајаците веќе ја освоиле територијата, а на некои места направиле дупки низ кои се протнувале. Австралијците се обиделе да се ослободат од нив со поставување стапици, убивање и труење, но до 1940-тите Австралија станала дом на 600 милиони зајаци. Најразорниот штетник во Австралија ги чини Австралијците приближно милијарда австралиски долари годишно (околу 600 милиони евра).

Во државите како Квинсленд, чувањето на зајак како домашно милениче е нелегално, а максималната казна е 30.000 австралиски долари (околу 18.000 евра).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот