Несекојдневна кражба на 16 вредни уметнички слики во скопска „Матица“

Едно од украдените дела на Павле Кузмановски од „Матица“

Шестнаесет доста вредни слики на авторот Павле Кузмановски се украдени викендов од книжарницата на „Матица“ во Скопје.

Сопственикот на „Матица“, Раде Силјан за „Слободен печат“ изјави дека во саботата прво биле украдени пет слики, а по извршениот полициски увид, околу пет часот кога во објектот немало никој, повторно упаднале крадци кои украле уште 11 уметнички дела. Кражбата е извршена само два дена од стартот на отворената изложба на слики.

– По големата кражба во седумдесетите години на минатиот век на делото на Пикасо од Музејот на современа уметност во Македонија, денес сме сведоци на кражба и на исклучително вредни уметнички дела од нашиот голем сликар. Станува збор за 16 негови ретки дела во маслена техника, пастели, акварели и цртежи во туш на тема „Урбани пејсажи создадени во последните 60 години. Во неделата наутро, околу 3.15 часот, иста слика. Во двата наврата се одземени вкупно 16 слики, шест во саботата и уште 10 во неделата. Ќе чекаме резултати од истрагата и се надеваме дека сторителите ќе бидат најдени и казнети и сликите вратени – наведуваат од Матица Ексклузив.

Македонскиот сликар Павле Кузмановски

Авторот на делата Павле Кузмановски вели дека станувало збор за дела кои ги создавал во изминатите 60 години на разни места по светот, од неговото рано детство до денес.

Од МВР велат дека започнале истрага за големата кражба на умитничките дела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот