НЕРЕШЕНИ МИСТЕРИИ: Постои ли богатството на Хитлер, што е Витлеемската ѕвезда… – Слободен печат
ЗабаваМагазин

НЕРЕШЕНИ МИСТЕРИИ: Постои ли богатството на Хитлер, што е Витлеемската ѕвезда…

Постојат многу верувања дека некаде на оваа планета има посмртни останки од исчезнати лица на кои не им се знае трагата, боговите и нивното дискутабилно постоење, остатоци од цивилизации на океанските дна...

Светот околу нас е опкружен со многу мистерии, почнувајќи од чудовиштето од Лох Нес, па враќајќи се сè до пророштвата на Нострадамус во подалечната историја.

Постојат многу верувања дека некаде на оваа планета има посмртни останки од исчезнати лица на кои не им се знае трагата, боговите и нивното дискутабилно постоење, остатоци од цивилизации на океанските дна…

Ова се неколку од нив:

Останките на Колумбо

Морепловецот најпрво бил закопан во Шпанија, потоа неговите останки биле пренесени на Хаити, па во Куба, па потоа неговото тело било вратено во Шпанија.

Но, постојат докази дека неговото тело никогаш не било на Хаити и дека всушност таму било телото на неговиот брат Диего. Доминиканската Република бара повторување на ДНК тестот кој го покажал ова.

Изгубеното богатство на Хитлер

Се верува дека Хитлер оставил богатство вредно околу 4 милијарди долари, но никој досега не ги нашол, иако многумина се обидувале. Историчарите сметаат дека парите и вредните предмети се депонирани во банки во повеќе делови од светот.

Исчезнувањето на брод Киклоп

На 4 март 1918 година исчезнал бродот Киклоп. Постојат теории дека исчезнал во близина на Бермудскиот триаголник.

Што е Витлеемската ѕвезда?

Популарната ѕвезда од Библијата долги години е тема на професионалците. Постојат многу теории, меѓу кои и оние дека се работи за НЛО. Според физичарот Јохан Кеплер, тоа било судир на две џуџести планети кои формирале ѕвезда, а според други се работи за комета. И понатаму нема одговор на ова прашање.

Дали островот Бимини води до Атлантида?

Атлантида и понатаму е мистерија, а американскиот мистик Едгат Кејс тврдел дека остатоците на овој древен град се наоѓаат во водите околу островот Бимини. За волја на вистината, нуркачи токму на таа локација пронашле камења наредени како патека и се верува дека во тој реон постоела древна цивилизација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close