Нереди по дербито во Куманово – приведен еден навивач, оштетени возила на гостинските навивачи
По завршувањето на кошаркарското дерби меѓу Куманово и Пелистер, избувнала масовна тепачка меѓу навивачките групи, во која биле нападнати полицајци и биле оштетени возила на гостинскиот клуб.
Препорачано
Според информациите од МВР, во нередите учествувале повеќе лица, а дел од нив се нафрлиле и на службените полициски екипи кои се обидувале да ја смират ситуацијата. Еден од учесниците, 23-годишниот К.Ж. од Куманово, бил идентификуван преку видеоснимки како оштетува возила на Пелистер со тврд предмет. Тој веднаш бил приведен во станица.
Полицијата најавува продолжување на истрагата и дополнителни мерки, со цел да бидат откриени и другите лица кои учествувале во пресметката.
Во меѓувреме, спортскиот дел заврши со победа на Пелистер, кој славеше со 87-79, но исходот на теренот остана во сенка на нередите по натпреварот.
Преземено од: Sport.com.mk
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
6час
-
8час
-
9час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


