Неправда: Роналдо ќе ја освоеше „Златната топка“ доколку беше во Реал!
Светскиот фудбалски агент истакнува дека Португалецот годинава ќе ја освоеше „Златната топка“ пред Лионел Меси само доколку играше и лани во „кралскиот“ клуб.
Препорачано
– Кристијано Роналдо ќе ја освоеше „Златната топка“ доколку играше и минатата сезона во Реал Мадрид – рече Мендеш.
Меси неодамна по шести рекорден пат дојде до престижната награда и сега има една повеќе во однос на големиот ривал.
– Кристијано е најдобар играч на светот. Пред него Португалија не освои ништо, а со него ги освоија Европското првенство и Лигата на нации. Го трансформираше светскиот фудбал. Сме зборувале за Португалија, сите за нејзе зборуваа досега како за една мала земја, но Роналдо го промени сето тоа – додаде Мендеш.
Мендеш воедно вели дека Роналдо наредната година ќе се израмни со Меси по бројот на „Златни топки“.
– Мислам дека Кристијано наредната година ќе постигне 110 голови за репрезентацијата на Португалија и исто така верувам дека ќе ја освои „Златната топка“. Неправедно е што Меси ја освои оваа година, но таков е животот. Роналдо е шампион и точно знае што треба да направи за да победи во 2020 година – заврши агентот.


