НЕОЧЕКУВАНО: Баерн ја бојкотира германската репрезентација!

twitter.com/DFB_Team

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес ги предупреди првите луѓе на германскиот фудбал дека клубот од „Алијанц арена“ би можел да ја бојкотира репрезентацијата доколку Мануел Нојер го загуби местото прв голман.

Дилеми околу прв чувар на мрежата на Германците постојат веќе одреден период и добар дел од јавноста смета дека е време досега неприкосновениот Нојер да го замени голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген. Во Баерн се очигледно подготвени со цел нивниот голман да биде главен избор.

– Никогаш нема да прифатиме промена на голот. Пред тоа да се случи, ние ќе престанеме да ги испраќаме нашите фудбалери за репрезентацијата – рече Хенес, а пренесува „Спорт Билд“.

Тер Штеген неодамна го искажа својот став за оваа тема. Човекот кој се најде во изборот за голман на годината, со своја изјава дополнително ја „загреа“ целата атмосфера.

– Моите цели се јасни. Сакам да бидам прв голман на својата репрезентација и секако целата ситуација ме фрустрира. Вие давате сè од себе и не сте таму каде што заслужувате да бидете – рече Тер Штеген.

Правилата на ФИФА се јасни, од клубовите се бара да им дозволат на своите фудбалери да играат за репрезентациите, па зборовите на прволигашот на Баерн може да се сметаат за неосновани. Сепак, со оглед на влијанието на баварскиот клуб, останува да се види како ќе продолжи ситуацијата во Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот