Неочекуваниот тренд на ова лето: Било какво модно парче со овој дезен е вистински хит! (ФОТО)

инстаграм

Никој не го очекуваше враќањето на овој моден детаљ, но изгледа дека тој станува се поактуелен.

Не се сите многу полудени по животинскиот принт, но добро е понекогаш да се излезе од комфорт зоната и да се пробаат нови работи. Доколку планирате да го освежите гардероберот изберете парчиња со дискретни детали од зебра принт.

инстаграм

Токму овој дезен станува моден хит на летната сезона. Поради црно-белата комбинација лесно се вклопува во скоро сите стилови, не е премногу нападен како леопардскиот или змијскиот, а сигурно ќе го направи секој стајлинг интересен.

инстаграм

Тој не мора да биде во центарот на вниманието, доволно е да е чанта или сандали во овој принт за да се „зачини“ изгледот.

инстаграм

Но, не е забрането ниту претерување. Доколку саката моќни дезени, слободно облечете фустан во овој интересен принт и нема да згрешите.

инстаграм

Пораката на дизајнерите е: Се е дозволено додека во тоа се чувствуваме убаво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот