Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Од авторите на Слободен Печат
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Необјавена песна на Џон Ленон на аукција во Данска

Ретка снимка од песна на Џон Ленон и Јоко Оно снимена на аудио касета во 70-тите години ќе биде ставена на аукција во Копенхаген, Данска на 28 септември.
Се работи за 33-минутна снимка која ја снимиле четири тинејџери од Данска пред повеќе од 50 години само месеци пред The Beatles да ја објават разделбата.
На снимката има интервју со двојката Ленон-Оно и песна за која се верува дека никогаш досега не е објавена.

Куќата која ја става снимката на аукција проценува дека вредноста на касетата е меѓу 25 и 40 илјади евра, и се верува дека ќе заврши во некој музеј или ќе биде избор на некој колекционер.

Интервјуто го извеле тинејџери кои во јануари 1970 година направиле интервју на музичарот за весник кој излегувал во нивното училиште, искористувајќи ја посетата на Ленон и Оно кога во нивното соседство двојката дошла да помине време со ќерката на Јоко, Кјоко.
„Ние бевме само група на 16-годишни хипици, заинтересирани за мировните кампањи на Ленон и Оно“, вели Карстен Хоејен кој ја направил снимката.
Се верува дека ова можеби е и единствена снимка од овој тип бидејќи се работи за неофицијална снимка, за разлика од останатите кои се всушност официјални прес интервјуа.
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
31мин
-
2час
-
2час
-
4час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5