Необичен инцидент на летот за Лос Анџелес – тропање на вратата ги вознемири пилотите

Авион на „Американ ерлајнс“, управуван од регионалниот авиопревозник „СкајВест ерлајнс“, беше принуден да изврши итно слетување во Небраска доцна во вторникот откако пилотите не можеа да стапат во контакт со екипажот и слушнаа тропање на вратата од пилотската кабина, соопшти Федералната администрација за воздухопловство (FAA), објави NBCNews.

Летот 6469 полетал од аеродромот Епли во Омаха во 18:41 часот по локално време, со дестинација Лос Анџелес. Но, речиси веднаш по полетувањето, пилотите одлучиле да го прекинат летот и да се вратат, а авионот повторно слетал само 18 минути подоцна, според FlightAware.

„По слетувањето, беше утврдено дека има проблем со интерфонскиот комуникациски систем, што предизвика екипажот во кабината да затропа на вратата од пилотската кабина“, се вели во соопштението на ФАА.Фотографијата направена по слетувањето покажува регионален авион „Ембраер ЕРЈ 175“ паркиран подалеку од патничкиот терминал, опкружен со две противпожарни возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот