НЕОБИЧЕН ГРАБЕЖ ВО СРБИЈА: Сопственикот на куќата избегал од прозорец, разбојниците останале со празни раце

Фото: Профимедиа/Илустрација

Три маскирани разбојници во градот Буковац во Србија успеале да влезат во семејниот дом на 71-годишен човек, го нападнале и барале пари од него, објави „Курир.рс“.

Потоа, тие одлучиле дека треба да го затворат во тоалетот, по што продолжиле да бараат пари во куќата. По некое време, тие заминале.

Човекот успеал да излезе во дворот преку прозорецот на тоалетот и да избега, за потоа да повика полиција. Тројцата разбојници не успеале да украдат ништо од куќата, а сопственикот е полесно повреден.

Полицијата во Србија се уште трага по разбојниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот