Немате идеја за денешниот ручек? Наш предлог – Мусака со модри патлиџани (РЕЦЕПТ)

profimedia

Сигурно одамна не сте ја подготвиле, а можеби сте од оние кои никогаш не ја подготвиле?! Денес е денот за мусака со модри патлиџани – нема да погрешите!

Состојки:

4 модри патлиџани

500 грама мешано мелено месо

200 грама кисела павлака

3 јајца

1 кромид

неколку чешниња лук

мешан сув зачин

оригано

1 лажица буковец (лут или благ по ваш избор)

1 морков

масло за јадење

Подготовка:

Во тава на оган кратко пропржете ги кромидот и лукот, кои претходно ситно сте ги исечкале. Потоа, додајте го и ренданиот морков и повторно пржете неколку минути. Откако состојките убаво ќе омекнат, во тавата додајте го и месото, пржете го неколку минути, а потоа тргнете го од оган. Убаво зачинете го.

Откако ќе го подготвите филот за мусаката, почнете со подготовка на модрите патлиџани. Измијте ги, а потоа исечете ги на крукчиња.

Постапката за подготвување на оваа мусака е иста како и подготовката на класичната мусака со компир. Во подлабока тава наредете ред модри патлиџани, ред фил. Редете сѐ додека имате од состојките.

На крај, во друг сад изматете ги киселото млеко и јајцата. Со добиената смеса прелијте ја мусаката.

Вака подготвената мусака, печете ја во претходно загреана рерна на температура од 200 степени околу еден час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот