Немало патници во автобусот на ЈСП што се запали кај Автокоманда

фото:ЈСП, изгорен автобус

Во овие денови кога температурите се енормно високи, автобусите на ЈСП се почесто се’ расипуваат. Денеска околу 15:30 часот се запали Двоспратен автобус на булеварот „Киро Глигоров“ во кај за среќа немало патници.  Од ЈСП за МИА информираат дека е причинета поголема материјална штета и дека причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат откако ќе заврши увидот.

– Во моментот на запалување на возилото, во него немало патници со оглед на тоа дека возилото се повлекувало во гаража Автокоманда, по завршување на смена. Благодарение на присебноста на возачот, неговата брза интервенција и интервенцијата на екипите на Противпожарна бригада на Град Скопје, опожарувањето на возилото било ставено под контрола, односно спречена е поголема материјална штета. Возилото е осигурано и очекуваме за кратко време да биде оспособено за користење, велат од ЈСП за МИА.

Во гаснењето на пожарот учествувале петмина пожарникари од ТППЕ на Град Скопје со едно возило.

Ивор:МИА , фото: ЈСП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот