„Нема зошто да бегам“: Зеќири бара да му се укине притворот

Мухамед Зеќири во Кривичниот суд / Фото: МИА

Поранешниот генерален секретар во Владата, Мухамед Зеќири, од апелационите судии побара да биде пуштен на слобода.

Тој денеска на јавна седница во Апелациоскиот суд убедуваше дека нема да избега од државата во случај да му биде укината мерката притвор.

-Да сум сакал да бегам, сум имал простор повеќе од една година, бидејќи знаев дека се води постапка. Не размислувам ниту имам зошто да бегам, кажа Зеќири.

Обвинителството се сомнева дека Зеќири заедно со уште двајца хрватски државјани го оштетиле Буџетот на државата за околу 800 илјади евра за договор за советнички услуги на Владата, склучен без тендер.

Зеќири дојде на функцијата генерален секретар на Владата откако тогашниот, Драги Рашковски, се повлече поради истрага, а подоцна и обвинение за скандалот со набавката на софтвер тежок 100 илјади евра.

ЗЕКИРИ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот