Нема примирје, иранската Револуционерна гарда подготвува уште посилна одмазда?

Фото: EPA-EFE/MURTAJA LATEEF

Агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на ирански извори пренесе дека командантот на иранската Револуционерна гарда Абдулах Араги рекол оти Иран подготвува уште посилна одмазда.

Командантот на иранската Револуционерна гарда Адбулах Араги денес изјави дека Иран наскоро уште посилно ќе се одмазди за минатонеделното убиство на иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Како што пренесува агенцијата „Тасним“, тој тоа го извадил по вчерашниот говор на претседателот на САД, Доналд Трамп, во кој американскиот лидер порачува дека Иран се повлекува, пренесува „Ројтерс“.

Агенцијата „Тасним“ го цитираше и заменикот-командант на револуционерната гарда Али Фадави, кој рече дека ракетниот напад кон американските бази во Ирак е само приказ на воената моќ на Иран и дека американските сили не можат ништи да направат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот