Нема прекршување на Одлуката за ограничување на маржата, констатира Државниот пазарен инспекторат

супермаркет
Фото: Pexels / Kevin Malik

По извршени над 1 100 надзори од страна на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во период од 30 јануари до 12 февруари оваа година, констатирани се 45 прекршочни налози по Законот за трговија, 16 по Законот за угостителска дејност, 16 по Законот за заштита од пушењето, два се по Законот за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност, три по Законот за метерологија, 79 по Законот за финансиска дисциплина и два се по Законот за заштита на потрошувачи.

ДПИ издаде повеќе од 150 прекршочни платни налози во вредност од над 5,5 милиони денари. Во делот на ограничување на маржата, Инспекторатот изврши 38 инспекциски надзори по Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, при што не се констатирани прекршувања и непочитување на Одлуката.

Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори кај трговците на големо и мало во делот на почитување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, односно за ограничување на маржата. Секое отстапување од највисоко утврдената маржа од 5 отсто и 10 проценти во трговијата на мало и трговијата на големо се санкционира согласно Законот за трговија. Како институција ќе ги ангажираме сите расположливи ресурси за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности. Пазарниот инспекторат постојано врши надзори и постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните контроли, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа, истакнува ДПИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот