Нема потреба да одите во салон – Направете си сами одличен домашен третман за испукани пети

Фото: Профимедиа

Џабе ви се лаковите за нокти и модерните сандали, ако вашите пети изгледаат како кора од дрво. Ниту е женствено, ниту е убаво за очи…

Затоа ви нудиме одличен третман кој ќе го реши овој ваш проблем.

Доколку немате пари за да си дозволите педикир и третман на стапала, овој домашен третман од млеко и сода бикарбона исто така може да ви помогне.

Фото: Профимедиа

Загрејте до 4 чаши млеко (од 2 до 4 е доволно во зависност од тоа колкав е проблемот, а и која големина е стапалото). Натопете ги нозете и опуштете се 20 минути. Потоа додадете сода бикарбона и истријте ги добро петите.

Содата ќе делува како пилинг и ќе ги отстрани мртвите клетки. Потоа измијте ги стапалата и намачкајте ги со крема. Третманот применувајте го два пати неделно. Вашите пети ќе блескаат!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот