Нема поштари, но секој работник има по еден шеф – Синдикатот на Македонска Пошта бара исплата на плата и реорганизација

Фото: mia.mk

Недостигаат разнесувачи на пошта, шалтерски работници, но за возврат имаме преполни работни места во администрација и шефови. Се доведовме во ситуација да имаме еден шеф на еден работник, вели претседателот на Синдикатот на Пошта

Синдикалните организации на Македонска Пошта, денеска организираа двочасовен протест на пред Дирекцијата и во сите подружници на националната Пошта, преку кој побараа исплата на платата за минатиот месец и решение за состојбата во претпријатието.

-80 проценти од вработените во Македонска Пошта се со просек на минимална плата. Работодавецот и покрај тоа што има обврска да исплати плата во законски предвидениот рок, тоа до денеска не се реализираше. Со тоа, раководството го прекрши елементарното право на работникот за исплата на плата, изјави претседателот на Синдикатот на Пошта, Боро Велигденов.

Велигденов истакна дека финансиската криза во Македонска Пошта е резултат на лошата организација која со години се спроведува преку непродуктивно прераспределување и вработувања, а резултатот е недостаток на работници каде што најмногу се потребни.

-Недостигаат разнесувачи на пошта, шалтерски работници, но за возврат имаме преполни работни места во администрација и шефови. Се доведовме во ситуација да имаме еден шеф на еден работник, вели тој и додава дека се соочуваат со крајно лоши услови на работа.

Синдикатот ја повика Владата заедно со раководството веднаш и без одлагање да обезбедат финансиски средства за плата и преземање мерки за реорганизација, во спротивно, најавија дека ќе започнат постапка за штрајк за да се заштитат работничките права.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот