„Нема пари“: Дисингер сака да го напушти Вардар!

Германскиот ракометар на „црвено-црните“ вели дека со 300 евра се живее во Скопје, но и натаму е стресна ситуацијата во клубот.

Во интервјуто за весникот „Рајн Некар“, Кристиан Дисингер кој го пропушти дуелот против Кил поради повреда, ги потврди финансиските проблеми со кои се соочува македонскиот и европски ракометен шампион Вардар.

– Нема пари, многу е комплицирано за нас. Голем дел од играчите половина година не добиле плата. Ни плаќаат само во делови. Со 300 евра се живее во Скопје, но и натаму ситуацијата е психолошки стресна и не помага – рече Дисингер.

Истиот извор пренесува дека лани Дисингер со клубот ја освои титулата во ЛШ, но сака да го напушти на крајот од сезоната. На почетокот од октомври 2018 дојде во Скопје од Кил, а тогаш Вардар објави дека со овој играч беше потпишан договор на две години.

Прочитајте и...  Конечна одлука: Санчо останува во Борусија Дортмунд!

– Ќе треба „чудо“ да се случи за да останам во Вардар уште една година – додаде германскиот ракометар.

Претходно и летонскиот интернационалец Даинис Кристопанс за летонските медиуми изјави дека Вардар и натаму не ги решил финансиските проблеми.

Потсетување дека на крајот од сезоната Кристопанс ќе се раздели со „црвено-црните“ и ќе се пресели во ПСЖ, а Данил Шишкарев од наредната сезона ќе ги брани боите на Веспрем.

Воедно од претходно се шпекулира уште три заминувања од нашиот ракометен првак, Дисингер се поврзува со португалскиот Спортинг, потоа Сташ Скубе би можел да направи трансфер во Хановер, а Павел Атман во Спартак Москва.

Прочитај повеќе

Ракометарите на Металург со негативни тестови на коронавирус

Слободен печат

Ибрахимовиќ ужива на одмор и ја исмева Англија! (ВИДЕО)

Слободен печат

ЛШ, Матеус: Левандовски е подобар и од Меси!

Слободен печат

Од ФФМ разочарани поради односот на одговорните лица во Општина Прилеп

Слободен печат

„Дрим-тимот“ на ФИБА Евробаскет во последните две децении

Слободен печат

ЛШ, Тухел: Одбраната ќе биде многу важна против Аталанта!

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

СЕХА: Без гледачи на реванш натпреварот Вардар-Нексе!

Слободен печат

Почина човекот кој ја одведе Црвена звезда на светскиот трон! (ВИДЕО)

Слободен печат

Синот на Сетиен ги праша кравите дали Барса ќе ја освои ЛШ (ВИДЕО)

Слободен печат

Кузма со тројка во последните секунди за радост на Лејкерси! (ВИДЕО)

Слободен печат

Елмас би можел да игра со Фалкао, Бабел, Арда Туран..!

Слободен печат

ЛЕ: „Ѓаволски“ тешко, но Фернандеш ги решава сите проблеми! (ВИДЕО)

Слободен печат