Кристопанс: Долгот на Вардар е голем, многу бавно се решаваат проблемите!

handballveszprem.hu/Dávid Vörös

Летонецот на крајот од сезоната ќе го напушти клубот и ќе се пресели во редовите на ПСЖ, кој го води нашиот поранешен селектор, Раул Гонзалез.

Летонскиот ракометар кој беше еден од најзаслужните што „црвено-црните“ лани ја освоија титулата во Лигата на шампионите.

Но, од друга страна Даинис Кристопанс потсети на финансиските проблеми кои и натаму се активни. За летонските медиуми потврди дека и сезонава ситуацијата не е најдобра.

Денеска Вардар го очекува нов настап во Лигата на шампионите на гостувањето во Германија кај Кил. Составот на Вардар: Атман, Чупиќ, Де Толедо, Дибиров, Димитриоски, Гедбан, Гогов, Горбок, Горпишин, Калараш, Карапалевски, Кристопанс, Кукуловски, Сикошек Пелко, Скубе, Стоилов.

Долгот на Вардар е многу голем, се настојува истиот да биде решен, но тоа се одвива бавно.

– Финансиските проблеми започнаа минатата сезона и истите продолжија во тековната. Долгот на клубот кон играчите е голем, кај едни повеќе, кај други помалку, но многу бавно се одвива тоа – вели Кристопанс.

„Џинот“ од Летонија додаде дека освојувањето на Лигата на шампионите беше награда за макотрпната работа и дека во Македонија после Ф4 турнирот во Келн од фановите беа пречекани како херои.

Потсетување уште дека Кристопанс на крајот од сезоната ќе го напушти клубот и ќе се пресели во редовите на ПСЖ, кој го води екс тренерот на Вардар и поранешен селектор, Раул Гонзалез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот