Нема многу време за славје, Талин е новата „мисија“ за сениорите

Фото: instagram.com/FFMacedonia/

После вчерашниот голем триумф над Косово во полуфиналето од плеј-офот за пласман на наредното Европско првенство, денеска избраниците на селекторот Игор Ангеловски им се вратија на тренинзите.

Нема премногу време за славје, бидејќи в недела македонската А репрезентација ја очекува нов натпревар, односно се враќа на обврските од второто издание во Лигата на нации, поточно Лигата „Ц“. Во второто издание од УЕФА Лигата на нации не само што се бориме за повисокиот ранг „Лига Б“, преку ова натпреварување (покрај редовните квалификации) играме и за учество на следното Светско првенство 2022 година во Катар.

Добро стартувавме во групата „Ц2“ со триумф дома над Ерменија (2:1) и нерешено на гостувањето кај Тбилиси (1:1) против Грузија. Моментно сме првопласирани со четири бода колку што има и Грузија на втората позиција, следува Ерменија со три, последна е Естонија без бодови.

Токму Естонците се нашиот нареден ривал (11 октомври, 18.00 часот) во „А. Ле Кок“ Арената во Талин.

Три дена подоцна во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“, во четвртиот меч од групата се соочуваме со Грузија, можеби и еден од клучните мечеви за освојување на првото место кое води во повисокиот ранг, Лига „Б“.

Тоа воедно ќе биде и како увертира за она што сите веќе го очекуваме со нетрпение на 12 ноември во Тбилиси, историскиот натпревар помеѓу Грузија и Македонија за учество на ЕП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот