Нема фудбал-има проблеми во Грција, Олимпијакос пред исфрлање од првата лига поради местенки

Претседателот на Олимпијакос, Евангелос Маринакис, е обвинет за местење на натпревари поради што на неговиот тим му се заканува исфрлање во понизок ранг.

 

Грчките екипи Олимпијакос и Атромитос се наоѓаат пред исфрлање во понизок ранг на натпреварување, допдека нивните сопственици Маринакис и Јоргос Спанос, се соочуваат со затворски казни и доживотно исфрлање од фудбалот.

Маринакис и Спанос се дел од групата од 15 лица кои се обвинети за местење на натпревари и обложување.

Наводите на истражното одделение на етичката комисија во Грчката фудбалска федерација (ЕПО) веќе се предадени во грчкото министерство за правда која во најскоро време ќе покрене кривична постапка.

Истрагата на ЕПО е покрената поради натпреварот Олимпијакос – Атромитос кој е одигран на 4. февруари 2015 година и кој заврши со 2:1. Но, како клопчето се одмотуваше, се дојде до сознанија дека натпреварот е наместен и во „местенката“ учествувале десетина луѓе.

Меѓу осомничените се и португалскиот тренер Рикардо Са Пинто, потпретседателот на ЕПО, Аристидис Статопулос заедно со уште тројца вработени во ЕПО, тројца поранешни судии како и техничкиот директор на Атромитос, Јанис Ангелопулос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот