Нема да поверувате зошто Липи ја напушти Кина!

фото:твитер

Липи ја напушти селекторската клупа на Кина после поразот од Сирија (2:1) во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година.

– Доколку преземам таков тим каков што е на теренот…Заработив многу пари и не сакам да им „украдам“ уште повеќе. Затоа си поднесов неотповиклива оставка – рече Липи, а пренесуваат италијанските медиуми.

Кина на две кола пред крајот на првата фаза од квалификациите има пет бодови помалку од лидерот Сирија, а победникот оди понатаму заедно со четири најдобро второпласирани од сите осум групи.

Италијанскиот стручњак веќе седум години е во најмногубројната земја во светот, прво го водеше Гвангжу Евергранде со кој освои три титули шампион на Кина и една Азиска Лига на шампиони, а потоа и двапати во низа со тамошниот национален тим.

Во текот на долгата кареира, со италијанската репрезентација се прослави со титулата светски шампион на Мундијалот во Германија во 2006 година, водеше бројни клубови како Јувентус, Интер, Наполи, Аталанта…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот