EPA/ROBERT HEGEDUS HUNGARY OUT

„Нема да го поддржиме Сијарто за потпретседател на Парламентот, тој ја издаде државата“ — порача Маѓар

Унгарскиот премиер Петер Маѓар рече дека партијата Тиса го задржува ставот дека секоја парламентарна група треба да има свој потпретседател на Парламентот, но дека предлогот на Фидес тоа да биде Сијарто, нема да добие поддршка бидејќи „Сијарто ги предаде унгарските интереси“.

Новиот унгарски премиер напиша на социјалната мрежа Х дека очекува партијата Фидес, која ја изгуби власта на изборите на 12 април, да предложи друг кандидат.

Маѓар соработува со унгарскиот претседател Тамаш Суљок новиот состав на Парламентот да се состане следната недела, од 4 мај, и формално да го избере него за премиер, а комплетниот кабинет веројатно ќе биде финализиран до средината на мај.

Маѓар побара брз трансфер на власта за да ја преземе функцијата веднаш по таа седница на Парламентот.

Орбан замина, доаѓаат нови проблеми: Кои се петтемина лидери кои би можеле да ја блокираат Европа?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот