Нелегалните индустриски објекти во Штип не поднесуваат барања за поставување фотоволтаици, кои се услов за легализирање на овие објекти

Фото: Архива

Ниту едно барање не пристигнало до Општина Штип за поставување фотоволтаици на индустриски градби со цел да добијат легален статус на објектот. Лазар Хаџи Николов раководител на Сектор за урбанизам при Општина Штип вели дека интерес има, но официјално барање до нив не е пристигнато, а рокот истекува на 26 јануари годинава.

„Можат да поднесат барање за издавање одобрение за градење во случаите кога истите се изградени согласно со параметрите со постоечките урбанистичко – плански документации. Услов за ова беше истите да имаат извршено и извештај за извршен технички преглед и да се изградени на земјиште со решени имотно – правни односи. Законската регулатива како рок за поднесување ваков тип барање предвиде три месеци од стапување на сила на овој Закон, што значи дека веќе на 26 јануари 2023 година рокот за поднесување на вакви барања истекува. Досега во Општина Штип неколку заинтересирани субјекти пројавија интерес и истите вршеа консултации околу текот на постапката, но до денес нема ни едно барање за издавање одобрение за ваков тип објекти“, вели Хаџи Николов.

Еден од условите за добивање легален статус на дивоизградениот стопански објект е фотонапонските панели да се постават во рок од една година, во спротивно одобрението се поништува. Од друга страна, пак, интересот за поставување фотонапонски панели на објекти и на земјиште расте. Пред Општината има неколку постапки кои се во тек за добивање акт за фотонапонски панели

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот