Неколку работи кои среќните парови ги прават пред спиење

И додека сите ја споменуваме хигиенската рутина, читањето книги и подготовките за наредниот ден, што е со навиките кои емоционално ве исполнуваат? Како што пишува „Your Tango“, овие навики среќните парови ги прават речиси секоја ноќ пред спиење со цел да ја засилат својата љубов и врска.

Одат на спиење во исто време

Среќните парови, кога обврските им го дозволуваат тоа, одат на спиење во исто време Тоа им дава барем неколку минути пред да заспијат да поразговараат, тоа е времето за физичките контакти кои им недостасуваат во текот на денот и едноставно времето за дополнително зближување.

Фото: Профимедиа

Сите електронски направи ги ставаат на страна

Доколку не сакате да бидете завртени секој на својата страна и бесцелно да лутате по социјалните мрежи, оставете ги мобилните и лаптопите во друга просторија и посветете се еден на друг. Доколку ви е потребен аларм, идеално би било кога би имале часовник со будилник наместо телефонот.

Фото: Профимедиа

Знаат да постават ограничувања кон децата

Иако родителите ги сакаат децата и треба да поминуваат време со нив, тоа не значи дека треба на децата да им дозволат да спијат со нив во кревет или слично. Важно е да знаете да поставите граници и покрај родителските обврски да не заборавите и на потребите на партнерот, односно и на вашите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот