Некој го украл руското знаме од конзулатот во Битола

Почесен конзулат на Руската Федерација во Битола / фото: Dragan Milovanovic / Google Maps

Од Конзулатот на Русија во Битола вчера било украдено руското знаме, информираше Министерството за внатрешни работи.

Кражбата во полиција ја пријавила вработена во дипломатското претставништво.

„На 14.06.2022 во 16.50 часот во СВР Битола, вработена во Конзулатот на Руската Федерација во Битола пријавила дека било одземено знамето на Руската Федерација, кое било закачено на зградата на конзулатот на улица „Маршал Тито“, се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Рускиот конзулат во Битола беше отворен во 2016 година, кога за почесен конзул беше поставен бизнисменот и некогашен сопственик на ракометниот клуб „Вардар“, Сергеј Самсоненко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот