Фото: Manchester City

Некој член на Сити од историската сезона најде начин да заработи, продава пет медали

Член на Манчестер сити од историската сезона 2022/2023 одлучи дополнително да заработи така што на продажба стави колекција од пет медали.

Станува збор за колекција која ги опфаќа сите трофеи што „граѓаните“ ги освоија таа сезона, од Премиер лига, преку ФА Куп и Лига на шампиони, па сè до УЕФА Суперкуп и Светско клупско првенство.

Аукцијата ја организира аукциската куќа „Бедс“, како дел од настанот „Made in Manchester Live“, закажан за 28 април. Почетната цена е поставена на 30.000 фунти, но проценките се дека вредноста лесно може да достигне околу 80.000 фунти.

Од аукциската куќа истакнуваат дека се работи за официјален комплет медали и ретка можност за колекционери и фудбалски ентузијасти да дојдат до дел од историјата на Сити.

„Ова е уникатна шанса за сите што сакаат да поседуваат дел од една од најуспешните сезони во модерниот фудбал. Очекуваме сериозен интерес и жестока наддавање“, порачуваат организаторите.

Колекцијата веќе привлекува внимание кај љубителите на спортската историја, со оглед на тоа што станува збор за една од најдоминантните сезони во европскиот фудбал. Инаку засега не е познато кој е човекот што ги продава медалите, меѓутоа веројатно е фудбалер или член на стручниот штаб бидејќи само тие ги поседуваат.

Гвардиола: Ако сега загубиме од Арсенал, трката за титулата завршува

Цела Англија ја чека одлуката за Манчестер сити – експерт за фудбалски финансии најавува одземање 60 бода

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот