Некои луѓе шират радост кај и да одат, додека другите шират само кога си одат: Животните мудрости на Оскар Вајлд!

profimedia

Прочитајте ги најубавите цитати од ирскиот писател Оскар Вајлд, познат по својата генијалност и ексцентричност.

„Кога жената повторно ќе се омажи, причината е дека го мразела првиот сопруг. Кога мажот ќе се прежени, причината е дека ја обожавал првата жена.“

„Кога бев млад, верував дека парите се најважни во животот. Сега кога остарев-тоа го знам.“

„Жалите поради вашите искуства, тоа значи дека го запирате сопствениот развој.“

„Со секоја жена разговарај како да ја сакаш, а со секој маж како да ти е здодевен.

„Нема морални и неморални книги. Книгите се добро или лошо напишани. Тоа е сè.“

„Кога на една љубов ќе и дојде крај, слабите кукаат, енергичните одма наоѓаат нова љубов, а паметните веќе одамна ја имаат во резерва.“

„На непријателите треба постојано да им простуваме, затоа што тоа најмногу ги вознемирува.“

„Благословени да се оние кои немаат што да кажат и затоа молчат.“

„Животот никогаш не е фер, но бидејќи повеќето од нас не се поштени- тоа ни одговара.“

„Никогаш не зборувајте грдо во високо друштво. Тоа секогаш го кажуваат тие кои не можат да влезат во тоа друштво.“

„Песимиста е човек кои од две зла, секогаш ги одбира двете.“

„Мажот може да биде среќен со секоја жена, се додека не ја засака.“

„Мажите секогаш сакаат да им бидат прва љубов на жената. Жените во тоа се пософистицирани, тие сакаат да бидат нивна последна љубов.“

„Мала искреност е опасна, а многу искреност е кобна.“

„Ништо не може да ја излечи душата, освен разумот, како што ништо не може да го излечи разумот, освен душата.“

„Добар совет секогаш само го проследувам понатаму. Мене никогаш не ми помага.“

„Луѓето кои сакаат само еднаш во животот, всушност се површни. Тоа што тие го нарекуваат верност, тоа е мрзлива навика или недостаток на фантазија. Верност! Во неа е страста за сопственост. Многу работи обично би ги отфрлиле, доколку не би се плашеле дека некој друг ќе ги земе.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот