Некои хрватски производи се поевтини во Њујорк отколку во Хрватска
Еден корисник на ТикТок забележал дека популарната „Цедевита“ во Пула чини дури 8 евра, што е повеќе од цената во Њујорк. Овој корисник, неодамна објави видео во кое ги прикажува цените на хрватските производи во продавницата „Еуро Маркет“, лоцирана во њујоршката област Асторија, позната по производите од хрватскиот регион, објави Пословни.хр.
Препорачано
Продавницата нуди широк избор на производи како ќебапи, бурек, ајвар и многу други, а Тиктокерот ги спореди цените со оние во Хрватска, пишува Клик.хр. Според него, цените на производите во оваа продавница се претежно слични со оние во Хрватска кога ќе се земе предвид данокот кој дополнително се пресметува на касата во Њујорк и изнесува 8,5%. На пример, чорбата на „Подравка“ чини 1,20 долари без ДДВ, што е блиску до цената во Хрватска. Ајварот на „Подравка“ се продава за 5 долари (4,60 евра) без ДДВ, додека во Хрватска цената е околу 4 евра. Колачите „Манчмелоу“ чинат 1,70 долари (1,57 евра) без ДДВ, додека во Хрватска се 1,29 евра. Чоколадото на „Дора“ чини 2 долари (1,84 евра) без ДДВ, додека во Хрватска е околу 2 евра.
Видеото предизвика бројни реакции кај корисниците. Многумина коментираа дека е тажно што во Америка има поголем избор на хрватски производи отколку во самата Хрватска, пренесува Пословни.хр.


