Нејмар сака да се врати таму каде е најсреќен

Фото: EPA/ALEJANDRO GARCIA

Бразилскиот репрезентативец Нејмар и неговата иднина се топ тема во летниот преоден рок. Прашање на време и кога Бразилецот ќе го напушти ПСЖ, а дилемета е само кој ќе биде неговиот нов клуб.

Според последните случувања, во игра се само две екипи, Барселона и Јувентус. Тој јавно изјави дека сака да се врати во Барселона од која во 2017 година за сума од 222 милиони евра премина во ПСЖ.

Неговиот добар пријател и колега од репрезентацијата, Фелипе Луис, верува дека најдобро за Нејмар е да се врати во Барселона.

– Нејмар сака да се врати во Барселона. Тој во Барселона беше среќен и може повторно да се забавува на теренот заедно со Лионел Меси. Се надевам дека ќе му се исполни желбата и повторно ќе игра таму каде што е среќен – изјави Фелипе Луис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот