Нејмар мора да биде продаден ова лето – Слободен печат
СпортФудбал

Нејмар мора да биде продаден ова лето

На кралското семејство на Катар му е преку глава од Бразилецот.

Бразилецот Нејмар и неговата иднина сè уште се главна тема на европскиот фудбалски трансфер пазар. Според медиумите во Бразил, Нејмар ќе оди со екипата на ПСЖ на турнеја во Азија, но од друга страна не се откажува од намерата да ја напушти екипата ова лето и да се врати во Барселона.

Преостанатите опции се нереални, Јувентус нема пари за да го реализира трансферот на Нејмар доколку не понуди неколку фудбалери во размена, Реал Мадрид се откажа од трката, додека Манчестер јунајтед отпаѓа бидејќи нема да игра во Лигата на шампионите.

Останува до крајот на преодниот рок, ПСЖ и Барселона да најдат заеднички јазик за трансферот на Нејмар кој мора да го напушти францускиот шампион. Иако претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи се закани дека Нејмар до крајот на договорот ќе биде зацементиран на клупата за резервни играчи, сопствениците на екипата, кралското семејство од Катар  одлучи Бразилецот да биде продаден ова лето за да се прекине со нарушувањето на угледот на екипата, а воедно им е преку глава од испадите на фудбалерот.

Токму затоа, Бразилецот доби совет од еден од најмоќните менаџери кои работат на неговиот трансфер, Пини Захави, да молчи, да тренира и да го чека расплетот со кој би се преселил во Барселона.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close