Фото: EPA-EFE/GUILHERME DIONIZIO

Нејмар пред трансфер во американската МЛС лига

Иако се чинеше дека Нејмар ќе се смири со клубот од детството Сантос и дека таму ќе ја заврши кариерата, се појавија изненадувачки вести за можно ново поглавје во неговата кариера.

Според Атлетик, бразилската ѕвезда е во преговори со тимот на Синсинати, што би значело дека наскоро би можел да им се придружи на многуте фудбалски асови кои веќе играат во МЛС лигата.

Веста доаѓа како големо изненадување, а се чини дека Нејмар е решен да игра во Соединетите Американски Држави, особено затоа што нема да биде дел од претстојното Светско првенство.

Реализацијата на овој трансфер, сепак, се соочува со неколку предизвици. Првиот е тековниот договор на Нејмар со Сантос, кој важи до крајот на оваа календарска година. Сепак, со оглед на тоа што неговиот однос со претседателот на клубот не е најдобар во последно време, постои можност да му се даде дозвола да си замине предвреме.

Од друга страна, Синсинати мора да реши и одредени административни пречки специфични за МЛС. За да направи место за Нејмар, клубот ќе мора да се откаже од една од своите три најголеми ѕвезди – Денки, Робинсон или Евандер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот