Нејмар повторно ги раскара Зидан и Перез
Сагата околу Нејмар и неговото заминување од ПСЖ продолжува, а денеска во главната улога се наоѓа Реал Мадрид. Според каталонските медиуми, Нејмар е поблиску до трансфер во Реал Мадрид отколку во Барселона поради одбивањето на ПСЖ да преговара со Барселона, а и „кралскиот“ клуб може да понуди играчи кои ќе ги заинтригираат челниците и тренерот на францускиот тим.
Препорачано
Сепак, последната пречка за реализација на трансферот на Нејмар е тренерот Зинедин Зидан кој не сака да чуе за реализација на овој трансфер.
Според претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, Нејмар е идеален наследник на Кристијано Роналдо на маркентиншки план, но Зидан одбива да размислува за Бразилецот.
Францускиот стратег има поинакви планови од својот претседател,како последно засилување во овој преоден рок го сака Пол Погба од Манчестер јунајтед со што би ја засилил конкуренцијата во средниот ред, додека нападот со Бензема, Јовиќ, Азар, Винисиус е доволно силен.
Каталонските медиуми објавуваат дека Перез планира да ги игнорира желбите на својот тренер и на ПСЖ покрај одредена сума на пари, да ги понуди Кејлор Навас и Лукас Васкез за да го добие Нејмар, а резлизацијата на овој трансфер најверојатно би значела и по втор пат оставка на Зинедин Зидан.


